Балканската ѕвезда Лепа Брена верува дека е во најдобрите години, а за да биде здрава и фит, воведе неколку промени во исхраната.
– Многу ја сакам планината. Кога децата беа мали, многу повеќе одевме на планина, скијавме поради нив, имавме многу поактивен спортски живот. Сега овој наш живот се претвори во бизнис и шоубизнис. Но, морам да констатирам дека дури сега ми се чини дека уживам на вистински начин, бидејќи не размислувам дали децата имаат температура, дали јаделе, дали ја завршиле домашната задача… Тоа е период кога едноставно уживам. Секогаш си велам дека ова се моите најдобри години – вели Брена.
Најпрво заради здравјето, а потоа и поради витката линија, музичката ѕвезда во последните години значително ја коригира исхраната.
– Навистина сум љубител на добрата храна, но научив да се грижам за количините. Одамна престанав да јадам суво месо. Случајно прочитав за автофагија и кога ќе го навикнеш телото на тој систем и начин на живот, тоа е како да имаш резервоар од 100 литри и да не точиш 120 литри затоа што не може. Човек мора да се грижи за своето здравје бидејќи тоа влијае и на нашата психа и на нашиот емотивен живот. Сите сакаме да се чувствуваме фит и да изгледаме убаво, затоа што денес е многу важно да се сакаш себеси и да изгледаш убаво прво на себе, па дури потоа на другите – заклучила пејачката за „Макс прес“.