Лепа Брена носи 50.000 евра само на рака: пејачката фотографирана со луксузен часовник чија цена е цело богатство

Лепа Брена води луксузен живот, кој често го покажува на социјалните мрежи.

Покрај убавите патувања и далечните дестинации на кои оди со својата јахта, пејачката често патува и со приватен авион, а вилата во која живее зрачи со луксуз, пишува Телеграф.рс.

Тој начин на живот е пропратен со скапи платна и накит, а помалку е познато дека Брена е љубител на скапи часовници.

Неодамна на нејзината рака „блесна“ часовник „Ролекс“, а според информациите од интернет чини „само“ 50.000 евра.

Убавата Брена носи многу, многу редок Rolex Datejust!“, пишува на страницата на Инстаграм „watch on wrist“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sat na Ruci (@sat_na_ruci)

„Овој часовник најчесто се гледа на машките раце (поради неговата големина), а женскиот часовник од 29 мм е резервиран за дами. Но, Лепа Брена се одлучи за овој златен модел со дијамантска рамка. Цена: ~ 50.000 € “.

Сликата на која Брена позира со овој луксузен детаљ е направена за време на едно од нејзините патувања во Шпанија.

Scroll to Top