Лепа Брена се пофали со новата девојка на Виктор

By

Српската пејачка Лепа Брена се пофали во јавноста дека нејзиниот син Виктор Живојиновиќ фатил девојка. Брена вели дека добро се согласуваат со новата девојка на Виктор, Сандра, и дека е задоволна од неговиот избор.

„Сандра е прекрасна девојка и многу ми е драго кога ќе видам дека моите синови се согласуваат со нивните избранички. Секогаш ги учев дека мораат да ги почитуваат и сакаат своите девојки. Гледам дека тој дел од моето воспитување, вродил со плод. Потребно е луѓето да се најдат и пронајдат, а Виктор и Сандра уживаат во врската. Открив дека Сандра фантастично шминка. За време на изолацијата ме нашминка мене и уште неколку мои пријателки. Бевме воодушевени“, изјавила Брена.

Пејачката вели дека исто како и Филип, ниту Стефан ниту Виктор не треба да брзаат со женидба. Брена вели дека постојат многу работи кои треба да ги направат пред да се оженат.

„Боба и јас ги советуваме и ќе видиме дали ќе не послушаат“, изјавила Брена за српските медиуми.

Брена со семејството ја мина изолацијата во својот дом, поради пандемијата со коронавирусот. Вели дека изолацијата и годела и дека за тоа време ја имала Сандра за да го среди нејзиниот изглед. Но, не крие дека со нетрпение дочекала да се отворат салоните за убавина во Србија.

„Знам да се нашминкам, да ја негувам кожата и да ги средам ноктите. Но, едвај дочеав тоа да го направат професионалци. Вистина е дека малку одморив од фенирање и шминкање. Се сеќавам кога мојата мајка одеше на фризер. Тоа беше време за одмор и релаксација, а мене ми беше обврска. Сепак и покрај таа обврска, си ја сакам мојата работа“, вели Брена.

 

 

Ќе ви се допадне