Лепа Лукиќ на 80 години влегува во реално шоу

Фолк-пејачката Лепа Лукиќ (80) четврти пат ќе влезе во реално шоу и ќе се натпреварува во „Парови“. Познатата пејачка во интервју за Ало.рс откри дека со години е дел од овие шоуа затоа што дома ѝ е здодевно.

„Немам цел, пеам 50 години и постигнав сè што сакав да постигнам. Влегувам бидејќи ме поканија. Сакам да се дружам со луѓе, бидејќи сум сама. Немам деца, немам внуци, немам со што да се забавувам. Мене дома ми е здодевно. Сакам да комуницирам со млади. Ете, затоа влегувам. Моето мото е цел живот да бидам на сцена, па и ова е некој вид сцена“, рекла пејачката.

Таа во интервјуто рекла и дака за разлика од повеќето учесници, пред камерите не е подготвена на сè.

Scroll to Top