Лидија Вукичевиќ го брани Лечиќ: „Како досега никој мене не ме силуваше“

Популарната српска актерка  Лидија Вукичевиќ застана во одбрана на Бранислав Лечиќ, кој беше обвинет за силување од неговата колешка Данијела Штајнфелд.

Таа напиша дека Лечиќ бил прекрасен колега, човек и одличен актер и јавно праша како никој неа не ја силувал досега во кариерата, иако е на сцената 30 години и не е грда. .

„Лечиќ го познавам со години, уште од факултет. Можам да го кажам само најдоброто за него“, изјавила таа и додала дека ја нервира површноста на тоа како другите гледаат на овој случај.

„Се прашувам како никој мене не ме силувал. Еве, јас сум на сцената веќе околу 30 години, не сум ниту грда. Јас бев една од најпопуларните актерки. Не велам дека мажите не ми се наметнуваа на тој начин, но никој не ме силуваше. Сите беа разумни и го разбираа одбивањето. Останавме добри пријатели и продолживме да се дружиме“, изјавила Вукичевиќ

Таа дополнително ги коментирала и нејзините колеги од Драмски театар во Белград и Мирјана Карановиќ, кои одбиле да глумат со Лечиќ.

„Тие го носат судот уште пред судењето. За какви колеги станува збор, за какви само површни луѓе. Тие се занимаваат со работа која прави од нив да бидат значајни во општеството, а самите тие се површни. Тие однапред судат. Не можам да ги разберам. Длабоко сум разочарана“, изјавила Вукичевиќ.

 

Scroll to Top