Лидија Вукичевиќ ќе го чека министерот во Скопје

Српската глумица Лидија Вукичевиќ следниот месец ќе дојде во Македонија. Таа во Скопје и Струмица ќе гостува со преставата „Чекајќи го министерот“, во која глумат и Милан Пајиќ и Семир Гигиќ. Претставата во Скопје ќе игра на 10 ноември во „Театар комедија“, а во Струмица на 15 ноември во Центарот за култура.

57-годишната глумица стана популарна со улогата на Виолета Попадиќ од култната серија „Подобар живот“. Таа глумеше и во „Жикина династија“, „Развод на одредено време“, „Север и југ“, „Синѓелиќи“ и уште неколку филмски и театарски проекти.

Познатата глумица беше во брак со фудбалерот Митар Мркела со кого ги има синовите Андреј и Давид. Таа неодамна за српските медиуми откри дека е во среќна врска со петнаесет години помлад маж.

Scroll to Top