Српската глумица Лидија Вукичевиќ ќе се мажи вторпат. 56-годишната актерка веќе некое време е во врска што ја крие од јавноста, па не го открива ни мажот со кого се гледа.
„Точно е дека ќе има венчавка, но не можам да зборувам за тоа. Се уште го немаме одредено датумот, но ќе бидете известени. Можам да кажам дека сум среќна и дека после сите овие години во кои бев запросувана, одлучив да се омажам вторпат“, изјави Вукичевиќ во интервју на телевизија „Пинк“.
Популарната Вики Попадиќ од серијата „Подобар живот“ претходно беше во брак со фудбалерот Митар Мркела со кого има два сина, Андреј и Давид. Двојката се венча 1991 година, а се разведоа во 2000 година.