Српската пејачка Наташа Беквалац утрово била одведена во Ургентниот центар во Белград, оти маж ѝ Лука Лазукиќ ја претепал брутално. Според српски „Блиц“, луѓе кои биле во близина на пејачката кога ја давала првата изјава за полицијата, таа рекла дека Лука бил пијан.
„Тој е пијана будала. Ме стискаше, ми удри неколку шлаканици, ме тепаше со раце и со нозе“, рекла пејачката.
Сопругот Лука ја натепал во домот на Дедиње. Тие се венчаа лани во средината на септември, а Наташа на 28 февруари ја роди нивната ќерка Катја.