Лука Лазукиќ ако ѝ се доближи на Беквалац ќе оди во притвор  

Првиот основен суд во Белград го усвои предлогот за продолжена мерка забрана за приоѓање на Лука Лазукиќ поради насилство врз сопругата Наташа Беквалац.

Забраната е продолжена на 30 дена, за српски „Курир“ потврдува портпаролот на судот. Според потпаролот, на Лука му се изречени мерки за оддалечување од станот, забрана за приоѓање и комуникација, а забраната ќе трае до 16 мај. Ако ја прекрши мерката, веднаш оди во притвор. Судот сè уште ја чека кривичната пријава од полицијата, по што ќе биде закажано сослушување за Лука, Наташа и за дадијарката која таа ноќ била во станот каде што се случил  инцидентот.

Scroll to Top