Лука Лазукиќ: Не ја претепав Наташа, модринките и се од антицелулитна масажата

Првпат по инцидентот, во кој физички ја нападна својата сопруга Наташа Беквалац, се огласи и Лука Лазукиќ. Тој наведел дека Наташа не ја тепал и ќе поднесе кривична пријава против својата сопруга.

Лазукиќ тврди дека тој не ја нападнал Наташа, туку таа го нападнала него.

„Нападот беше извршен врз мене. Прво, агресивно будење, а потоа вербален напад. Физички ме нападна удирајќи ме по телото. А јас се обидов да се тргнам и да зборувам со неа“, вели Лазукиќ и опиша што се случило.

„Околу 9.45 часот утрото ги бакнав мојата сопруга и ќерката и излегов од станот. Тогаш таа немаше повреди“, вели Лука, кој на прашањето како е можно Наташа половина час подоцна да се појави на Ургентниот центар со модринки, одговорил:

„Што се однесува до модринките на рацете и нозете, таа отиде на масажа против целулит“.

На констатацијата дали алудира дека Наташа самата си ги нанела повредите, Лазукиќ одговорил:

„Зошто тоа би било невозможно? Јас не сум виновен, судот нека одлучи. Се разбира, јас ќе се борам за вистината. Не само својата, туку за вистината на сите мажи што ова го претрпеле. Таа жена е подготвена на сѐ. Јас бев во станот на моите родители затоа што дојдов по моето дете, кое спиеше тука. Тогаш од медиумите дознав за ситуацијата. Бев во шок два дена. Јас жена ми не ја претепав и не ја влечев низ куќата, а сигурно не сум ја удирал по раната од царскиот рез. Од каде ѝ се овие повреди, прашајте ја неа. Ако таа не знае, тогаш обвинителството и судскиот вештак нека утврдат. Го осудувам семејното насилство и насилството врз жените. А уште повеќе осудувам лажни пријави поради користољубие поради сите тие жени што се реални жртви на насилство“, вели Лазукиќ и најави дека ќе поднесе пријава против Беквалац.

 

 

 

 

Scroll to Top