Лука Лазукиќ во полиција по заканите што ги доби од Драгољуб Беквалац

Лука Лазукиќ утрово пристигнал во полициска станица, каде што требало да даде изјава по повод кривичната пријава што ја поднел против Драгољуб Беквалац, таткото на Наташа Беквалац.

Лука поднел кривична пријава против Драгољуб поради заканите за смрт што таткото на Наташа Беквалац ги дал во едно свое интервју кога беше претепана ќерка му.

Лазукиќ веднаш по интервјуто, побарал заштита од Драгољуб, а против него била поднесена и пријава за семејно насилство, како и барање од полицијата за одредување мерки за заштита.

нешто што го реков за ќерка ми Наташа, дека би убил за неа. Сега велам дека би загинал за Наташа“, изјавил Драгољуб Беквалац во своето интервју.

„Човек од 120 килограми нападнал жена од 60 килограми, ја удирал во раната од царскиот рез. Тоа не може нормален човек да ѝ го направи на сопругата, мајка на своето дете. Јас ги почитувам жените, а децата секогаш ќе ги штитам. Наташа ми рече дека тој по добивањето на нивното дете, станал друг човек. Бил гневен што бебето го зазело неговото место. Тоа не можам да го сфатам. На човекот му е место покрај својата жена, а не во кафеана до четири наутро“, изјавил Беквалац.

Наташа Беквалац го пријавила Лука поради наводно семејно насилство кое се случило во нејзиниот стан на Дедиње ноќта меѓу 13 и 14 април.

На Лазукиќ во Првиот основен суд во Белград на 16 април му била изречена мерка за забрана за приближување до Наташа и комуникација со не во период од 30 дена.

 

Scroll to Top