Лука Лазукиќ замина од Србија

Веста дека Лука Лазукиќ физички ја претепал пејачката Наташа Беквалац со денови беше во центарот на вниманието ан јавноста. Пред една недела двајцата сопружници дадоа изјави во Основниот суд во Србија, а веднаш потоа Лука заминал за Атина.

„Ни по две недели од случувањата не се смирија страстите меѓу двата сопружници. Во првите денови од скандалот Лука јавно изјави дека не ја нападнал сопругата, додека пак Наташа не изјави ништо. Но, откако и двајцата дадоа изјави во судот, Лука одлучи да замолчи и да замине од Белград“, рекол нивни близок пријател.

Лука моментално се одмара во Атина, оти, пишуваат медиумите, веќе неможел да го издржи притисокот. Наташа пак е во Нови Сад, кај своите родители каде се опоравува од стресот.

Scroll to Top