Наташа Беквалац оваа година нема да ги носи ќерките Хана и Катја на летување. За да патува со детето надвор од границите на Србија потребна ` е дозвола од нејзиниот сè уште законски сопруг Лука Лазукиќ, со кого се суди поради семејно насилство.
Пејачката планирала по стресниот период, на крајот на летото да отпатува со девојчињата на море во Грција, но тоа нема да се оствари. Како што пренесуваат медиумите, Наташа не сака да бара од Лука ништо, ниту, пак, сака да го види на суд.
„Наташа сакала ќерка си да ја однесе на летување на крајот на август затоа што тогаш ќе има неколку слободни денови по летната турнеја. Гледала аранжмани и за малку ќе уплатела сместување во хотел на еден грчки остров. Но, сепак, се одлучила да не бара дозвола од Лука за да го изнесе бебето преку граница“, вели извор близок до Наташа.
„Прво мора да поднесе барање во судот, кој таткото на девојчето, во овој случај Лазукиќ, мора да го одобри. Таа навистина не сака да влезе во никакви дополнителни разговори и преговори со него, ниту, пак, да го сретне на суд, освен ако навистина мора, па се откажала од летувањето. Хана била многу разочарана затоа што тие веќе го испланирале патувањето на море, но Ната ѝ ветила дека ќе ѝ надомести за тоа. Наташа навистина не е во состојба повторно да се сретне со Лука, ниту да го моли или да бара што било од него“, вели изворот.
Од друга страна, Наташа никогаш немала проблем со првиот сопруг Икодиновиќ кога била во прашање нивната ќерка Хана. Тој дури и не ѝ бранел нејзиниот втор сопруг, Љуба Јовановиќ, додека бил во брак со пејачката, да го води сам детето на море, па дури и нему му давал дозвола.
„Тоа е друга приказна. Икодиновиќ секогаш имал разбирање и за Наташа и за Хана. Секогаш ѝ дозволувал да ја води на патувања и никогаш не ѝ правел проблем. А и таа имала коректна комуникација кога била во прашање нивната ќерка. Со Лука е поинаква ситуацијата поради сето ова што се случи. Пејачката ќе им надомести на девојчињата на поинаков начин. Таа комплетно го средила базенот во Чење, а сигурно ќе отпатува во некои од аква-парковите во Србија. Катја е мала, па следната година, ако сè заврши како што треба на суд, тројцата ќе заминат на одмор“, вели изворот и додава дека Лазукиќ ниту еднаш не побарал да ја види Катја откако се развеле.
По овој повод, Наташа се нема огласено.
Наташа и Лука повторно ќе се најдат на суд на 20 јули. Тогаш Лука пред судијата треба да ја изнесе својата одбрана.