Лукас: Ако ЛГБТ лицата посвојуваат, каде е тогаш правото на детето?

За неодамнешните изјави на Аца Лукас во емисијата „Кирилица“ на тема хомосексуалци, зборуваше цела Србија, некои тоа го сметаа за скандал, некои за предмет за тужба, па фолкерот токму по тој повод денеска гостуваше во емисијата „Ново утро“.

„Ништо не беше скандалозно. Беше малку остро. Беше целото жири со своите коментари (жирито во Ѕвездите на Гранд), инаку така навикнавме па бевме малку пожестоки“, изјави Лукас на самиот почеток.

Лукас истакна дека уште на почетокот на емисијата („Ќирилица“ на ТВ Хепи) барал да не се поставуваат експлицитни теми. А Лукас и понатаму остана на тоа што и претходно го изјавил, и покрај најавената тужба од „претставниците за заштита на човековите права“, поради говор на омраза.

„Имав можност во Цирих да ја гледам парадата, кога парадираат голи, тоа се дедовци од 70-80 години во танги. Имитираат и алудираат на секс на улица. Воопшто не е важно што се, апсолутно сум против тоа. Ајде сега сите да одиме на улица. Јас го видов тоа, грозно е. Мене ми е одвратно, не затоа што се хомосексуалци туку кој било да е, мене ми е одвратно. Ако треба некој нека ме тужи поради моето мислење, тогаш каде се моите човекови права?“, објасни Лукас.
„Јас сум против тоа да се посвојуваат деца. Каде е тогаш човековото право на тоа дете? Се знае што е семејство, мама и тато. Тоа е единствената работа зад која категорично стојам, и тоа е надвор од здравиот памет. Не навредив никого, можеби бев малку построг, таков е мојот начин на говор“, заклучи Лукас.
Видеото погледнете го на следниот линк:
Scroll to Top