Лукас го прекинал настапот во клубот поради дојава за бомба

Аца Лукас синоќа требало да настапи во еден клуб во Добој, но неговиот настап бил прекинат поради дојава за бомба, по што пејачот веднаш го напуштил градот!

Само петнаесет минути пред почетокот на неговиот настап, во полициската станица стигнал повик дека во клубот во кој Аца требало да настапи е поставена бомба. Иако во тоа време клубот веќе бил преполн, сите гости биле итно евакуирани одека Лукас веднаш го напуштил градот.

„Дојавата била 15 минути пред планираниот крај на концертот. Во тој момент локалот бил полн со луѓе. Сите биле евакуирани, а Аца Лукас веднаш го напуштил Добој“, изјавил Миро Стевановиќ, организаторот на концертот.

 

 

Scroll to Top