Победничката на реалното шоу „Задруга 2“, Луна Џогани, која викендов пееше во дискотеки во Струмица и Кавадарци, цело време пеела на плејбек, тврдат присутните. За двата настапа во Македонија, Луна заработила 8.000 евра, пишуваат српските медиуми. Ова се први настапи во кариерата на Луна, која пред неколку месеци ја сними нејзината прва песна, „Деветти круг“.
Публиката и во Струмица и во Кавадарци си заминала разочарана по настапот на Џогани. Многумина велат дека дошле во дискотеката за да слушнат како Луна навистина пее, а таа сите песни ги пеела на плејбек.
„Ако веќе планирала да пее плејбејк, Луна требала да ги сними песните во студио, па во клубот да ги пушти тие снимки, а не песните спуштени од интернет. Дури ни сопствената песна не ја отпеа во живо. Ова е срамота“, пишуваат на социјалните мрежи луѓе што биле на настапот на Луна. Еден од присутните раскажува дека таа повремено барала публиката да пее со неа, а таа само отворала уста.
На двата настапи на Луна на сцената со неа се појавила и нејзината мајка, пејачката Анабела Атијас.