Махир Мулалиќ е победник на „Ѕвездите на Гранд“

Најдобар кандидат во овогодишното натпреварување во музичкото шоу “Ѕвездите на Гранд, кое траеше речиси две години, поради пандемија на корона вирус, e Махир Мулалиќ од Босна и Херцеговина.

Второ место според бројот на гласови од публиката го доби Исак Шабановиќ, третото нашиот претставник Мите Стоилов и четвртото Валентина Кузмановиќ.

Кандидатот покрај добивање статуа од продукцијата на Гранд, доби кола марка “Шкода“, две композиции од продукцијата на Гранд, како и комплетен маркетинг.

За разлика од минатогодишните натпреварувања, ововогодинешниот победник нема да добие стан, бидејќи, како што вели Саша Поповиќ, продукцијата нема финансиски средства поради кризата.

Scroll to Top