Маја Шупут е најбогата пејачка во Хрватска, има две компании и годишен приход од над 700 илијади евра

Хрватската пејачка Маја Шупут е најбогатата пејачка во Хрватска бидејќи двете компании што ги поседува и донесоа огромен милионски профит во претходната година. Компаниите на Маја лани оствариле промет од речиси 6 милиони куни, што е  785 илјади евра.

Маја е сопственик и директор на компанијата „Морска дива“, чии приходи во 2022 година изнесувале 518.312 евра, а деловниот субјект остварил нето добивка од 241.969 евра, пренесува Индекс.

Споменатата компанија има еден вработен, а пејачката преку неа раководи со својата музичка кариера.

Нејзината друга фирма се занимава со продажба на козметичка линија во која е косопственик со сопругот Ненад Татаринов, лани имала промет од околу 275.000 евра, а компанијата остварила добивка од 30 илјади евра.

Scroll to Top