„Марија и Џејла искрено се сакаат“: Таткото на Шерифовиќ среќен што ќерка му е заљубена

Откако српските медиуми пишуваат дека пејачката Марија Шерифовиќ е во врска со Џејла Рамовиќ, на која ѝ беше менторка во „Ѕвездите на Гранд“, таткото на Марија, Рајко, изјави дека неговата ќерка е среќна, а тој се надева дека двете девојки ќе се венчаат бидејќи се сакаат.

Познатиот хармоникаш вели дека имал можност да се сретне со Џејла кога таа пеела со Марија на нејзиниот концерт во Крагуевац.

„Одамна е познато кој пол го сака мојата ќерка. Моето дете има право да прави што сака. Од моја страна, сè ѝ е дозволено! Џејла е прекрасна девојка, ме воодушеви со своите манири, харизма и љубезност. Тие треба да бидат заедно, а најважно е што искрено се сакаат. Таа има сè што ќерка ми сака од партнерот. Среќна сум што мојата ќерка е среќна, а во тој случај полот е најмалку важен“, рекол Рајко Шерифовиќ.

„Не е важно дали Марија ќе се жени или мажи. Ова со Џејла е нешто посериозно, не е авантура и мислам дека треба да се венчаат. Не ми е гајле кој што ќе каже, бидејќи луѓето зборуваа и за мене дека сум коцкар и пијаница“, додал таткото на Марија.

Родителите на Рамовиќ, пак, не се среќни заради наводната врска на ќерка им со Марија Шерифовиќ. Според српските медиуми, Џејла им рекла дека тие две се само пријателки, и дека е лага тоа што се пишува за неа и Шерифовиќ.

Родителите на Џејла Рамовиќ бесни поради врската со Марија Шерифовиќ – Таа ги убедува дека ја местат љубоморни колешки

Scroll to Top