Марија се прости од филмската мајка Јелена Жигон

By

Актерката Риалда Кадриќ, најпозната како Марија од „Жикина династија“ се прости од својата филмска мајка, Јелена. Таа преку фејсбук-профилот се присети на актерката Јелена Жигон која почина пред неколку дена во Белград на 85 години.

„Јелена Жигон никогаш не ми даваше совети. Оттука е мојата почит кон неа и кон улогата што ја имаше во моето растење. Таа секогаш ми даваше простор и во тој простор се чувствував спокојно. Таа никогаш не ме третираше ни како дете, ни како ќерка, туку како колешка. Можам да ја испратам само со зборовите дека нема да ми недостига, затоа што секогаш ќе биде тука. Живееше ненаметливо, ненаметливо ќе остане тука и по смртта. Ми остануваат скапоцените спомени. Ти благодарам Јелена. Одам и јас сега – да гледам твои филмови“, напиша Рахела.

 

 

 

Ќе ви се допадне