Марија Шерифовиќ ќе тужи за нарушен углед

Адвокатот на Марија Шерифовиќ, Радослав Маринковиќ, побарал демант од порталот „24 часа.хр“, за текстот со наслов „Вака Шерифовиќ зборува за неверството: Ако имаш храброст да изневеруваш, треба да имаш и да признаеш“, кој бил објавен во сабота на 20 ноември.

Таа ја демантирала изјавата и наводите во текстот, кои како што тврди порталот биле поткрепени и со видео. Адвокатот на пејачката рече дека таа никогаш не го кажала тоа и дека во прашање било да и се наруши нејзиниот, но и угледот на Џеља Рамовиќ. Ако не се повлече текстот, таа планира работите да ги тера и по судски пат.

„Почитувани. Ви се обраќам во својство на адвокат на Марија Шерифовиќ по повод објавениот текст во саботата на 20.11.2021 година, под насловот: Ако имаш храброст да изневеруваш, треба да имаш и да признаеш. Мојот клиент остро ги демантира навододите изнесени во овој текст, со оглед на тоа дека се во прашање невистини кои имаат за цел да го нарушат угледот и честа, како на мојот клиент, така и на Џеља Рамовиќ. Освен што се во прашање невистини, сакам да истакнам и дека новинарите не се обиделе ни да стапат во контакт со Марија Шерифовиќ и Џеља Рамовиќ, иако тоа им е должност на новинарите во рамки на новинарската етика и кодекс. И покрај разбирањето кои го имаат Марија и Џеља и кои го покажаа досега за разни невиситни и злонамерни измислици, кои се објавени за нив во изминатите месеци, сметаме дека сте претерале со овој текст и затоа ја предизвикавте оваа реакција. Сметаме дека во ваш интерес е да имате коректен и професионален однос со Марија, која е една од најголемите музички ѕвезди во нашите простори. Па оттука бараме во рок од 3 дена да објавите демант на овој текст со јавно извинување до Марија и Џеља и нивните семејства. Исто така бараме и да престанете со објавување на било какви текстови со невистинити содржини, а кои се однесуваат на Марија Шерофивиќ. Доколку не го направите тоа, од каква било причина, ние ќе бидеме приморани низ судска постапка да докажуваме дека објавените работи се невистинити. Во тој случај Марија и Џеља против вас ќе ги покренат сите неопходни правни инструменти за остварување на своите права и заштита на своите личности“, рече адвокатот на Шерифовиќ.

 

Scroll to Top