Марија Шерифовиќ нападна натпреварувач во „Ѕвездите на Гранд“

Српската пејачка Марија Шерифовиќ предизвика скандал во „Ѕвездите на Гранд“ кога на еден од натпреварувачите му се закани дека ќе го нокаутира.

Неа не ѝ се допаднало како тој испеал песна од Шабан Шаулиќ и веднаш го искритикувала. Со неа не се сложила Вики Миљковиќ, па Марија се изнервирала и ѝ се обратила на Вики.

„Што зборуваш? Лажеш! Ти си глува!“, се развикала Шерифовиќ и станала од столчето, па тргнала кон натпреварувачот.

„Застани да те прашам нешто. Ако излажеш ќе те нокаутирам на место. Признај дека едвај ја пееше песната оти ти беше висока“, викала Марија по натпреварувачот.

Scroll to Top