Марија Шерифовиќ пееше за жените кои се борат против рак на дојка

By

Српската пејачка Марија Шериофовиќ го одржа првиот од серијалот концерти наречен „Другата страна на плочата“. Концертот се одржа во преполниот „Сава“ центар.

„Концертот вечерва го посветувам на жените кои се борат против рак на дојката и ќе се одречам од својот хонорар. Цел ден се прашувам што ми требаше ова, кога знам и самата дека полесно е кога ги пејам моите песни“, изјавила Марија.

Шерифовиќ го отвори настапот со класика од Роби Вилијамс, а ја изведе песната „Ларе Фабија“ од Весна Змијанац. Од колите поддршка и дадоа Саша Видиќ, Бошко Јаковљевиќ и Бранко Ружиќ, а на сцената и се приклучи и Ивана Петерс.

„Ивана е подобра од мене, затоа е и гостин“, изјавила Марија и признала дека е превозбудена и се надева дека на публиката ќе и се допадне тоа што го подготвила за неа.

Ќе ви се допадне