Марија Шерифовиќ: Татко ми не беше добар за нашето семејство, а разводот ги фрустрира децата

Пејачката Марија Шерифовиќ беше гостинка во една емисија и зборуваше за своето растење, па  призна дека во детството не правела проблеми како што правеле другите деца, но ја допрел разводот на родителите.

„Не бев непослушно и проблематично дете. Единствено што во лето не излегував од вода, а во зима постојано бев на снег“, рекла пејачката

Денес, таа се смета себеси за мегакралица и поседува многу добри особини за кои се задолжени гените и родителското воспитување.

„Ги собрав најдобрите карактеристики од Рајко и Верица. Некоја харизма, дарежливост и фер однос кон луѓето во животот – тоа е од Рајко, што не значи дека тоа сѐ не е и Верица, туку од неа сигурно пеењето што денес тоа е мојата професионална определба“, рече таа.

Бракот меѓу родителите не успеал, па таа неодамна во една емисија објасни сѐ што му претходело на разводот.

„Татко ми беше мегакрал, но лош за семејството, но Господе, секој си носи свој крст. Имаше луѓе што ја коментираа мојата потреба да зборувам за моето детство: „Ајде како само тоа нејзе ѝ се случило“. Се разбира, има многу полоши работи, но причината зошто јавно зборував е за да видат луѓето дека може да излезат од тоа како победници, а не како фрустрирани луѓе и деца на разведени родители. Да, разводот фрустрира, децата особено, ама моите родители не можеа да смислат ништо попаметно отколку да се разведат“, објасни еднаш Марија во емисијата „Од профил“.

Scroll to Top