Марина Туцаковиќ напишала тестамент со имињата на сите што ѝ должат пари и барале кариери

Марина Туцаковиќ која ја загуби битката на 67 -годишна возраст по долга борба со тешка болест, и вчера беше погребана на гроништата во Белград, зад себе остави тестамент во кој наведе многу имиња од сцената кои и должеа многу пари, а потоа ja заборавиле.

„ Марина долго време беше болна, а во текот на тоа лекување имаше време да размислува за сѐ и да работи на бројни текстови за многу пејачи, со помош на нејзиниот син Лаќа. Таа напиша и тестамент, бидејќи нејзината здравствена состојба нагло осцилираше од ден на ден. Марина во тестаментот, покрај пријателите и семејството, спомена и бројни пејачи со кои работеше на текстови во последните години, каде што истакна дека во некои и се разочарала и дека бројни текстови останале недовршени, бидејќи на некои соработници им е налутена. Како што и самата непосредно пред смртта јавно истакнуваше, додека беше во полна сила многумина ѝ се јавувале и барале кариери, а во последните месеци јавувањата станувале сѐ послаби, што предизвикало револт кај легендарната Марина – вели извор близок до Марина Туцаковиќ, па додава:

“Многу пејачи ѝ должеа големи суми за текстови и ја завлекуваа, а од друга страна, јавно истакнуваа дека се добри и дека ѝ давале поддршка, како ништо да не се случува. Марина никогаш не сакаше тоа јавно да го каже тоа“, рекол изворот.

Инаку, Марина Туцаковиќ беше погребана вчера во семејната гробница покрај нејзиниот син Милош, и тоа била нејзината последна желба.

(Галерија) Цела српска естрада на погребот на Марина Туцаковиќ: солзи и пораки на последното испраќање на најпознатиот текстописец

Scroll to Top