Авторката на многубројни хитови за забавна и народна музика, популарната Марина Туцаковиќ повторно не е добра со своето здравје.. Повторно оди на хемотерапија, па вели дека по неа се чуствува многу лошо „ Имам гадење и вртоглавица. Преку инфузија добивам одредени комбинации на витамини кои ми помагаат да закрепнам побрзо и да ја повратам силата “, раскажала Марина пред новинарите. Марина е оптимист и вели дека се надева дека конечно ќе го победи ракот. „Слушнав дека има некоја нова метода која често се користи во далечните азиски муслимански земји. Тие таму ракот го убиваат со тотално гладување од неколку дена. Пијат само чиста вода. Велат дека тоа било успешно„, изјавила Туцаковиќ.