Ме тераа да бидам швалерка за популарност, Емилија Кокиќ за славата по победи на Евровизија

Хрватската пејачка Емилија Кокиќ победи на Евровизија претставувајќи ја Југославија во 1989 година. Песната „Рок ми“ беше голем хит. Но, бргу потоа таа се повлече од јавноста. Денес живее сосема мирен живот, за разлика од минатото во кое се соочувала со многу проблеми.

„Никој  не ве учи што значи да бидете јавна личност, има толку многу што човек може да научи“, вели Емилија во неодамнешно интервју за хрватската телевизија РТЛ.

Кокиќ, која победи на Евровизијата, вели дека решила да се повлече од јавноста и од естрадата бидејќи не сакала да биде постојано во центарот на вниманието и во скандалите, од една страна непристојни понуди, од друга страна брзото темпо на живот.

„Многу е тешко да бидеш славен, еднаш ми се случи да завршам на интензивна со 48 килограми  и инфузија поради тоа што немав време да јадам. Едноставно шоу-бизнисот ве гази и мора да го следите неговото темпо“, потенцираа таа.

Додава дека тогаш добивала непристојни понуди. „Заради слава ми беше понудено да имам зад себе и еден скандал, но мене тоа ми изгледаше страшно и едноставно не можев да се пронајдам во тоа. Требаше да се појавам во медиумите како да сум нечија љубовница, а јас не го сакав тоа. Затоа и решив да завршам со мојата музичка кариера“, открива Емилија.

Scroll to Top