Медицинската документација за модринките на Беквалац е невалидна

Српскиот бизнисмен Лука Лазукиќ би можел да биде ослободен од обвиненијата за семејно насилство против неговата сè уште законска сопруга Наташа Беквалац само затоа што е оспорена документацијата направена во ургентниот центар откако докторите ги прегледувале модринките на пејачката.

Ваквата документација не била потпишана од специјалисти како што налага процедурата, туку истата ја пополниле специјализанти. Во првиот основен суд во Белград денеска продолжило судењето, а процесот морал да биде прекинат по сослушувањето на еден ИТ-експерт.

Медиумите пренесуваат дека настанатите зовриени страсти внатре во судницата биле причина за прекин на процесот. Судскиот вештак на обвинителството, Милош Јанчиќ, вели дека на рочиштето присуствувал само Лука Лазукиќ, додка Наташа не била обврзана да присуствува.

„Претресот мораше да биде прекинат поради зовриените страсти внатре во судницата. Јас бев сослушан од страна на стручен советник, кој го ангажираше одбраната, во обид да го оспори основниот налог во кој биле објективизирани повредите што ги претрпела Наташа Беквалац. Се оспорува документацијата на која не се потпишале докторите од ургентниот центар. Се тврди дека извештаите не се целосно валидни и дека специјализанти го потпишале извештајот, а не специјалисти. Речиси се обидуваат да докажат дека извештајот е фалсификуван, што не е точно, затоа што сè е направено како што треба“, тврди Јанчиќ и додал дека судот барал уште докази.

„Извештајот недвосмислено говори дека ималоповреди. Постојат обиди тоа да се оспори на начин на кој се тврди дека лекарите  не го направиле извештајот во целост валиден. Од моја страна, тој дел е одбранет. Сега се инсистира на фотодокументација, која е направна во приватна режија и која не можела да биде земена  предвид, а фотографиите не се обработени во МУП. Одбраната во недостиг на други докази нема фотографии, а на судот е дали  тоа ќе го прифати или не. Мојот налог потврдува дека Наташа ги добила повредите со рака и рака стисната како тупаница. Судијата мораше да направи пауза затоа што бевме внатре долго време и страстите зовреа“, вели вештакот.

 

За време на паузите медиумите пренесуваат дека Лука ја напуштил судницата и постојано бил нервозен и се жалел на неговите адвокати.

Scroll to Top