Мерима Његомир ја испратија со песната „Што је лепо кад се неко воли“, пејачката погребана во Алејата на великаните

Легендарната пејачка Мерима Његомир, која почина на 20 ноември по кратко боледување, денеска беше погребана на Новите гробишта во Алејата на заслужни граѓани, додека комеморацијата се одржа во зградата на Радио Белград во Камената сала. Таа беше погребена со песната „Што је лепо кад се неко воли“, пренесуваат српските медиуми.

Во поворката која тргна кон гробиштата, тамбурџиите свиреа „Тихо ночи“, а пејачот Иван Милинковиќ од групата Легенди ја држеше во раце фотографијата на Мерима Његомир.

Тажната поворка се упати кон гробот каде што беше погребана пејачката. Иако се шпекулираше дека нема да дојде сестрата на Мерима Његомир, Нина Павиќ поради сериозните здравствени проблеми, сепак таа успеа да дојде на погребот со патерици. Таа положи бела ружа, додека нејзините деца по една црвена.

Меѓу присутните беа Нада Топчагиќ со сопругот Златко Ѓорѓевиќ, синот на Марина Туцаковиќ, Милан Лаќа Радуловиќ, кумата Ана Бекута, Гоца Лазаревиќ, Чана и сопругата на покојниот Предраг Живковиќ Тозовац, Драган Којиќ Кеба, Весна Змијанац, таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан, Ивица Дачиќ, како претставник од српскиот државен врв и многу други познати личности.

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, испрати венец на погребот на пејачката Мерима Његомир.

Scroll to Top