Ми нудеа 10.000 евра за секс, ама јас не сум проститутка – Тијана Ајфон излезе од затвор

Старлетата Тијана Ајфон пред неколку дена излезе од затворот од Бјелина. Таа беше во затвор еден месец поради сомневање дека се занимава со елитна проституција. Но, сега откако е на слобода, за „Ало“ изјави дека не е проститутка иако се случувало мажи да ѝ нудат и по 10.000 евра за вечер.

„Неодамна отворив салон за убавина и од тоа заработувам. Сакам сите да знаат дека сум претприемач, а не елитна проститутка. Со најстариот занает на светот се занимаваат оние жени на кои најмалку се сомневате, а меѓу нив се и многу познати постари пејачки. Тоа е јавна тајна“, рекла Тијана, но не сакала да кажува имиња.

Таа рекла и дека повеќе ги почитува жените што наплаќаат за секс оти така барем заработуваат, отколку „спонзорушите“, кои не работат ништо и дозволуваат да ги издржуваат нивните или туѓи мажи.

„Што се однесува до мене, секој ден добивам непристојни понуди. Еднаш ми понудија 10.000 евра за една ноќ, ама одбив. Секој има своја цена, а мојата е висока“, рекла Тијана.

Scroll to Top