Миле Китиќ се пофали со новиот автомобил вреден 100.000 евра

Папараците го фотографираа фолкерот Миле Китиќ по заминувањето од емисијата „Амиџи шоу“ во неговиот нов автомобил.Миле Китиќ ретко се појавува во јавност, а уште помалку јавно се фали со тоа што купил за себе или за членовите на своето семејство, па многу јасно е зошто неговиот возен парк е непознат за пошироката јавност.

Последниот автомобил во кој Миле е виден во јавност е црн „мерцедес“, стар десетина години, а цената на истиот се движи меѓу 20.000 и 30.000 евра.

Но, папараците синоќа, по неговото гостување во емисијата „Амиџи шоу“, на паркингот го фотографираа во новиот автомобил, овој пат бел, кој многу му прилега.

Станува збор за автомобил „BMW X6“, чија цена со целосна опрема чини 100.000 евра.

Но, со оглед на тоа дека Миле нема никаква криза во работата, може  да си ја дозволи оваа нова играчка.

 

Scroll to Top