Милена Дравиќ денес ќе биде погребана покрај сопругот

Актерката Милена Дравиќ денеска ќе биде погребана во Алејата на заслужни граѓани на белградските Нови гробишта покрај нејзиниот сопруг Драган Николиќ.

Опелото ќе се служи во 15:00 часот, а погребот ќе биде извршен во 15:30. Комеморацијата се одржува во 12:00 часот во „Звездара театар”.

Милена Дравиќ почина на 14 октомври, на возраст од 79 години по сериозна болест.

Scroll to Top