Актерската дива Милена Дравиќ денес ќе биде погребана во Алеата на великаните на Новите гробишта во Белград, покрај сопругот Драган Николиќ. Комеморацијата по повод смртта на Милена Дравиќ беше одржана на сцената на „Данило Бата Стојковиќ“ во театарот Звездар.
„Беше најголема, само да поживееше уште малку, но не можеше без својот Драган, сега се заедно“, беше кажано на комеморацијата. Присутни во солзи, молкум ги слушаа говорите за Дравиќ.
На комеморацијата присуствуваа семејството, голем број нпријатели, колеги од театарот и естрадни уметници.
Милена Дравиќ почина на 14 октомври по тешка болест.