Пејачката Теа Таировиќ нетсрпеливо го чека својот прв солистички концерт на Ташмајдан на 17 јуни, каде публиката ќе ужива во големи хитови кои имаат милионски прегледи.
Теа најави голем спектакл како круна на нејзината кариера. По албумот „Балканија“, неодамна пристигна и вториот албум „Балерина“ кој е на сите плејлисти во регионот.
„ Умревме за овој албум . Поминав низ ролеркостер од емоции додека не излезе албумот. Дури сега сфаќам што сме направиле. Горда сум на мојот тим, а во крајна линија и на себе, и најмногу сум благодарна на мојата публика“, рече Теа.
За сите овие настапи, подготовки за концерт и нов проект, таа рече дека успеала благодарение на големата љубов кон работата.
„За себе можам да кажам дека сум една среќна личност. Колку што имам обврски, успеав да го снимам вториот студиски албум, со кој се надминав себеси. Малку недостаток на сон, малку повеќе нерви и недостаток на приватен живот. Но, го сакам тоа што го работам. Се што пејам излегува од мене, тоа е дел од мене, но песната која ги одбележа моите емоции е „Не грижи се мајко“. Таа песна е напишана за мене, и секоја чест за Вања и Милош, навистина направија одлична работа. Ја погодија целта. Не можам да ја слушнам таа песна без да плачам. Милион пати“, рече пејачката“, вели таа.