Милица призна дека имала секс со дечко истиот ден кога го запознала

Милица Тодоровиќ во емисијата на Огњен Амиџиќ одговорила дека имала секс со момче истиот ден кога го запознала.

Пејачката во „Амиџи шоу“ одговараше на провокативните и интимни прашања во играта „Тверкај или одговарај“.

„Милица, колку траеше најкраткиот временски интервал од кога се имаш запознаено со некого до водење љубов со таа личност?“, ја прашал Огњен.

„Еден ден“, одговорила Милица.

„Сте се запознале утрото и тоа веќе се случило?“, изненаден прашал Амиџиќ.

„Да“, одговорила Милица.

„Дали можам да прашам со кого?“, потпрашал Амиџиќ.

„Раде Ковачевиќ“, веднаш одговорила Милица.

 

Scroll to Top