Милош Биковиќ: „Охридско лето“ е најубавиот фестивал во светот

Српскиот актер Милош Биковиќ e воодушевен од Охрид и фестивалот „Охридско лето“ каде настапи со неговите колеги од Белградското драмско позориште со театарската претстава „Лагата“.

По една недела откако заврши фестивалот, српскиот актер сподели фотографии од незаборавниот викенд во Охрид.

„Го затворивме „Охридско лето“ со претставата „Лагата“. Овој фестивал е еден од најубавите фестивалот на светот. Претставата беше за паметење. И денот исто така не беше за фрлање“, напиша Биковиќ.

За време на престојот во Охрид минатиот викенд Биковиќ сподели дел од атмосферата со своите колеги додека уживаат во пливањето во Охридко езеро, прошетка со катамаран и ручек со традиционална македонска храна во кафеана.

 

Scroll to Top