Милош Биковиќ проба македонско вино, се возеше на катамаран и пливаше во Охридско езеро, пред настапот со колегите на Антички театар 

Познатата четворка која глуми во претставата „Лагата“ во изведба на „Белградското драмско позориште“ изминатиот период често патуваат заедно. Овој пат повод беше затворањето на 63. „Охридско лето“.

Милош Биковиќ, Миодраг Радоњиќ, Јелисавета Орашанин и Тамара Крчуновиќ приватно се многу блиски, а сега заедно отпатуваа во Охрид.

Познатиот квартет кој глуми во претставата „Лагата“ често патуваат заедно, каде уживаат во заедничка дружба.

Тие споделија дел од атмосферата со своите придружници додека уживаат во пливањето во Охридко езеро, прошетка со катамаран и ручек со традиционална македонска храна во кафеана.

Тамара по пливањето објави и видео на кое ужива со Јелисавета на бродот.

„Охридски бисери“, напишала актерката.

Таа потоа ги снимила Биковиќ и Радоњиќ додека појадувале овошје и нагласила дека тоа е здрав појадок.

Додека пак актерот Биковиќ сподели и фотографии од охридското зајдисонце и видео од подготовките на Античкиот театар каде ја изведоа театарската претстава.

Инаку, квартетот не отпатуваа во Македонија како туристи, тие се на турнеја, а за неколку дена ќе посетат неколку градови каде што ќе настапат.

Scroll to Top