Милош Биковиќ смени имиџ, стана русокос

Српскиот актер Милош Биковиќ, реши да промени имиџ. Актерот е активен на социјалната мрежа Инстаграм каде што ги информира следбениците за секојдневните активности.

Милош го сними целиот процес како до руса коса.

Со фотографија од фризерскиот салон покажа како изгледа неговата нова фризура, а на крајот се пошегува дека кога се погледнал во камерата направил фаца и симулирал плачење.

Биковиќ, да потсетиме, неодамна замина на заслужен одмор и топлите денови ги помина на плажа во друштво на својата девојка, но и колегите – Јелисавета Орашанин, Тамара Крчуновиќ и Миодраг Радоњиќ.

Scroll to Top