Мира Шкориќ првпат проговори за односот со Цеца

„По 40 години пропаѓаат и бракови, а не едно пријателство. Нема шанси да ѝ се јавам јас прва“, изјави Мира Шкориќ за односот што го има со пејачката Цеца Ражнатовиќ.

Пејачките Мира Шкориќ и Цеца Ражнатовиќ со време беа најдобри пријателки, но двете веќе две години не се во контакт, а Шкориќ сега првпат јавно откри во какви односи е со Цеца.

Мира, на која во февруари и умре мајка ѝ Милка, вели дека најмногу ја изненадило тоа што Цеца не дошла да ѝ изрази сочувство.

„Точно е дека Цеца не ми изјави сочувство. Ниту ме повика ниту ми испрати порака. Освен кралицата на сите времиња, Зорица Брунцлик, првпат ќе откријам дека и Јелена Карлеуша во тие тешки моменти беше со мене, а можеби пред сите ми изрази сочувство. Но, ете, Цеца не го направи тоа. Секој има свои причини, но вистината е дека не ме познаваше“, изјави Мира, која додаде дека нема намера прва да ѝ се јави на Ражнатовиќ.

„Ние две не мислиме исто, едноставно не сме исто. Знам дека некогаш бевме како едно, но, ете, не треба да се плаче, сето тоа е дел од животот. Знам дека е интересно, но не треба да се прави од комарец магаре. Цеца е голем уметник, ѕвезда и тука нема што многу да се зборува. Во минатото секогаш имав убаво мислење за неа, но морам да нагласам дека Јелена Карлеуша е многу добар човек и тоа веќе го има докажано“, заклучи Мира Шкориќ.

 

 

Scroll to Top