Мишо Ковач позитивен на корона, пејачот бил приклучен на кислородна поддршка

Хрватскиот пејач Мишо Ковач е позитивен на коронавирусот, а покрај него заразени се и неговата сопруга Лидија и ќерката Ивана, пренесува „Слободна Далмација“. Тој пред неколку дена беше хоспитализиран, каде доби кислородна поддршка, по што здравјето му се подобри.

Според хрватските медиуми, пејачот веќе е пуштен на домашно лекување. Тој се чувствувал добро и заминал дома со семејните пријатели Томија и Вања во Строжанац, недалеку од Сплит, каде моментално живее во стан под кирија со Лидија и Ивана.

За потсетување, Мишо Ковач неодамна беше хоспитализиран на Одделот за пулмологија на Клиничкиот болнички центар Сплит, поради сомнение дека има пневмонија. Но откако анализите покажале дека нема такво нешто, музичарот беше пуштен дома по антибиотската терапија.

 

Scroll to Top