Со модринки на лицето Билја Крстиќ одржа концерт во Љубљана

Популарната српска пејачка Билја Крстиќ два дена пред големиот концерт во Љубљана, имала незгода, кога паднала среде подземен тунел во Белград.

Со модринки по колената и брадата, отишла во Ургентен центар.

„Уживав во прошетка низ градот и во желба побрзо да стигнам до Белград, тргнав кон подземен тунел. Тоа беше кобна одлука. Воопшто не забележав дека доле има решетки, нозете ми се заглавија, паднав како свеќа. За среќа не скршив ништо, но ја удрив брадата и коленото. Не сакав да ризикувам, па веднаш отидов на Ургентен. Ми пружија прва помош, па отидов на гостување во телевизија. Ги замолив шминкерите да ми ја сокријат мдрицата, бидејќи брадата почна да синее“, признала Билја.

Сепак и со модринки, таа го одржала концертот ви Словенија.

Scroll to Top