Српската пејачка Гоца Тржан вели дека нејзиниот сопруг, Раша Новаковиќ, флертува со мажи дури и кога е таа со него. Гоца вели дека ова не ѝ пречи и дека неговото однесување ја забавува и ја возбудува понекогаш.
„И двајцата сакаме да флертуваме, но тој тоа го прави и со мажи. Флертува со келнери, сниматели, со кого стигне. Тoj е вистински флертувач“, изјави пејачката во интервју во кое и двајцата беа гости.
По нејзиниот коментар, Раша рекол дека Гоца измислува и дека тој флертува само со келнерки.
„Ти кокетираш со келнерите. Јас не го правам тоа со мажи, само со келнерки. Им се обраќам со „бебо“ или „малечка“. Гоца е таа на која постојано ѝ приоѓаат мажи, ѝ праќаат пораки и интимни слики. Мене не ми праќаат такви слики“, вели Раша.
Гоца потврдилa дека навистина мажи ѝ испраќаат голи фотки, но дека таа своите голи слики му ги праќа во порака само на сопругот. Пејачката додала и дека Раша е зависен од порно-филмови.
„Раша сака порно, како секој маж, но верувајте ми, моите фантазии се поголеми од неговите. Тој само би се снимал и тоа е тоа. Јас сакам игри и редовно ги практикуваме во спалната соба“, додала пејачката.