Момчето од чоколадото „Киндер“ кое е родено во Белград, глуми со Лејди Гага во „Гучи“

Алесандро Егер (30), момчето од пакувањето на чоколадото „Киндер“, глуми во новиот хит-филм „Куќата Гучи“. Алесандро во новиот филм на Лејди Гага има мала улога, но се појави на премиерата во Милано, заедно со некои од ѕвездите на филмот. „Куќата Гучи“ е инспириран од вистинската приказна за убиството на Маурицио, сопственикот на модната империја Гучи, а главните улоги ги играат Лејди Гага, Адам Драјвер, Ал Пачино, Џаред Лето и други.

Алесандро е српско-италијански модел. Освен што се занимава со манекенство, тој и глуми, па лани го привлече вниманието на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција.

Роден е на 6 септември 1991 година во Белград, а израснал на Баново брдо. Татко му е Италијанец, мајка му Србинка. Како дете со семејството заминал во Италија, за да побегнат од војната во Југославија Во Италија ја добил својата прва работа како модел, кога се сликал за пакувањето на чоколадото „Киндер“.

По неколку години пауза, Алесандро почнал и професионално да се занимава со манекенство. Тој бил главен модел на ревиите на „Долче и Габана“ и „Версаче“, а снимил и многу телевизиски реклами за светски и помалку познати производи. Во 2017 година учествуваше во реалното шоу „Пекинг експерс“ заедно со својата мајка, каде што луѓето со автостоп треба да стигнат до Пекинг.

„Уште од шест-седум години се заинтересирав за уметноста, па со другарите снимав кратки филмови и видеа. Отсекогаш ме интересираше камерата, но кога заминав во Комо, каде живеев до 17. година, почнав да глумам. Имав 13 години кога се појавив во реклама која ми ја донесе улогата во серијата ‘Бендот’, која беше популарна во Италија. Родителите никогаш не ја сфаќаа сериозно мојата намера да се занимавам со глума, па дури ни тогаш кога папараците ни стоеја пред куќата. Затоа решив да се отселам од кај нив и да продолжам да се занимавам со она што ме привлекува“, рече Алесандро пред неколку години за српските медиуми.

Тој имал можност да го запознае Барак Обама и да се дружи со Мадона и Никол Кидман, а неодамна му се исполни и желбата да биде на насловната страница на српското издание на списанието „Менс хелт“.

Италијанските медиуми своевремено го нарекоа омилен модел на Донатела Версаче.

Веќе девет години е во врска со манекенката Мадалин Дорофтеи, која беше избрана за Мис Романија.

Scroll to Top