Мустафа Надаревиќ се бори со карцином, актерот е во болница

Актерот Мустафа Надаревиќ веќе неколку месеци се бори со тешка болест, а во разговор со „Аваз“ од Босна и Херцеговина откри дека во моментов се наоѓа во болница.

Познатиот актер од серијата „Луд, збунет, нормален“ потврди сека е во болница и ги замолил за разбирање.

„Во болница сум, сега не би зборувал за ништо“, рекол кратко Надаревиќ.

Актерот претходно оваа година објави дека се бори со рак на белите дробови.

„Кога сфатив дека тоа е дел од животот, дека болеста е дел од животот, тогаш ја прифатив“, изјави тој за Media servis тогаш.

На почетокот на март замина во Сараево за да снима нови епизоди од серијата „Луд, збунет нормален“, која беше прекината поради пандемијата на коронавирус, па се врати во Загреб.

„Не ни паѓа на памет да работиме на ‘Луд, збунет, нормален’ без Мустафа Надаревиќ. Никогаш не сме ја разгледале таа опција, ниту ќе ја разгледаме“, изјави претходно сценаристот на серијата, Феџа Исовиќ за „Аваз“.

Scroll to Top