Мустафа Сандал не сака да ѝ плаќа алиментација на Емина зашто се плаши дека парите ќе ги потроши за себе

Познатиот турски писател, Мустафа Сандал, не сака да ѝ плаќа алиментација на неговата поранешна сопруга Емина Јаховиќ, затоа што се плаши дека парите нема да ги пороши за потребите на нивните два сина. Ова го откри извор близок до нив двајцата.

Популарната двојка повторно го сврте вниманието кон себе, окако деновиве се појави во суд заради неплаќањето на Мустафа. Емина вели Мустафа не плаќал ништо веќе две години.

„Јас не сум личност чија финансиска состојба е лоша и која е во невола. Ако тоа се случи еден ден, ќе работам и за него. Јас сум таква. Но, знам дека не е во криза. Иако потпишавме договор за прифаќање на нашите заеднички обврски, вклучувајќи здравствено осигурување и алиментација, се падна на мене набргу по разводот. Верувам дека правдата ќе победи“, рече Емина.

Нејзини блиски пријатели сега велат дека таа се соочува со нови предизвици бидејќи на децата треба да им се обезбедат пари за училиште.

Летово таа плати за нивниот престој во камповите, беа и на одмор, но жал ѝ е што Мустафа не е вклучен во приказната.

Scroll to Top