На Дино Мерлин му требале години да ја прежали девојката која го оставила

Познатиот босански пејач Дино Мерлин кој е денес среќно оженет, открива како успеал да ја изработи „Мој живот је Швицарска“, хит на далеку познат не само на Балканот туку и пошироко.

Мерлин вели дека како млад се соочил со големи тешоктии во љубовта. Пред да стане познат и добро да заработува, Мерлин бил заљубен во девојка, за која подоцна се испоставило дека била спонзоруша.

Бидејќи девојката која му го освоила срцето, парите ги сакала повеќе од љубовта, решила да го напушти и да замине со богат дечко во Швајцарија, додека Дино вели дека останал сам и тажен.

Кога по неколку години Мерлин се прославил, истата девојка се вратила во Сараево поради него. Тогаш пејачот го изработи познатиот хит, „Мој је живот Швицарска“, познат низ целиот Балкан, а и пошироко.

Пејачот по љубовниот бродолом, вели дека ја запознал Амела со која денеска е во среќен брак.

 

 

Scroll to Top