Пејачката Емина Јаховиќ за првпат проговори за врската со турскиот милијардер Садетин Саран. Пејачката по разводот со нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал, сега вели дека во новата врска ќе оди чекор по чекор.
„Откако се запознавме со Садетин излеговме неколкупати. Ни беше многу убаво и фино. Ме запозна со неговата фамилија, бевме на семеен ручек и ќе видиме како ќе се одвиваат работите во иднина. Ќе одиме чекор по чекор. Засега планови за брак нема“, изјавила пејачката.
Саран бил снимен како ја чека српската пејачка на аеродром, по што двајцата се упатиле во неговиот семеен дом.