На Јелена Карлеуша ѝ пукнаа панталоните

На српската пејачка Јелена Карлеуша ѝ се случи пех додека траеше снимањето на „Ѕвездите на Гранд“.

Имено, на русокосата убавица ѝ пукнаа панталоните за време на снимањето, а кројачката веднаш се обиде да го санира проблемот.

Често со името на Јелена Карлеуша се користи и изразот „Сѐ пука на неа“, а сега токму поради ваков проблем, снимањето на шоуто мораше кратко да биде прекинато.

Карлеуша мораше на „итна операција“. Таа легна на масата и кројачката Дара даде сѐ од себе за да ја санира облеката на Јелена.

А сето тоа од блиску го надгледуваше и Аца Лукас, кој врескаше од смеење, како и публиката во студиото.

Видете го моментот кога на Карлеуша ѝ пукнаа панталоните:

 

Scroll to Top