На Карлеуша ѝ се слоши на погребот на мајка си

На фолк-ѕвездата Јелена Карлеуша ѝ се слошило на погребот на нејзината мајка Дивна и за малку ќе се онесвестела, пишуваат српските медиуми. До неа бил сопругот Душко, кој веднаш ѝ дал вода за да се освежи. Јелена потоа легнала врз ковчегот, го довикувала името на мајка си и не дозволувала да го спуштат во гробот, пишуваат српските медиуми.

 

„Јелена со денови ја довикува својата мајка да се врати. Уште не може да се помири дека ја нема“, рекол пријател на Карлеуша за „Курир“.

 

Бидејќи Јелена е атеист, Дивна не била погребана според православните обичаи и без присуство на поп.

На погребот дошол и пејачот Велимир Гале Митровиќ, најголемата љубов на Дивна Карлеуша, со кого таа била 17 години во врска, по разводот. Велимир и Дивна беа заедно до 2009 година.

Scroll to Top