На Марина Туцаковиќ ѝ годи осаменоста

Најпознатиот српски текстописец, Марина Туцаковиќ, преку „Твитер“ откри дека ужива во осаменоста и дека психички ја заморува комуникацијата со луѓето.

„Осаменоста е опасна. Таа создава зависност. Откако ќе сфатите колку е смирувачки, веќе не сакате да се занимавате со луѓето“, напиша таа и додаде дека не е автор на цитатот, ама дека таа се пронашла во него оти ја опишува нејзината моментална состојба.

Пејачката веќе долго време е во изолација, откако пред околу една година ѝ беше дијагностициран рак на дојката. Таа беше на лекување во Германија, а откога се врати, деновите ги минува на имотот близу Нови Сад, далеку од луѓето. Ретко доаѓа во Белград и скоро и да не се појавува, ниту пак се огласува во јавноста.

Scroll to Top